Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за растот на македонската економија годинава е 1,8%. Според најновиот извештај на банката растот на БДП за 2013 година во Хрватска и Црна Гора ќе биде 0,8%, на Бугарија 1,9%, на Албанија 2%, на Србија 2,1%, а за Косово прогнозите се 3%. Прогнозата за целиот регион е дека економијата ќе има раст од 1,5%, а растот за европската економија е 1,2%. Во извештајот се наведува дека Македонија во 2012 година беше под значително влијание на кризата во евро-зоната, која резултираше со намалена побарувачка за извоз и доведе до пад на инвестициите и дознаките од странство. Посочува дека е можен умерен напредок или раст во 2013. За економијата во регионот на Југоисточна Европа посочува дека останува значајно под влијание на случувањата во евро-зоната која е главен пазар на нивниот извоз.
Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за растот на македонската економија годинава е 1,8%.
Според најновиот извештај на банката растот на БДП за 2013 година во Хрватска и Црна Гора ќе биде 0,8%, на Бугарија 1,9%, на Албанија 2%, на Србија 2,1%, а за Косово прогнозите се 3%. Прогнозата за целиот регион е дека економијата ќе има раст од 1,5%, а растот за европската економија е 1,2%.
Во извештајот се наведува дека Македонија во 2012 година беше под значително влијание на кризата во евро-зоната, која резултираше со намалена побарувачка за извоз и доведе до пад на инвестициите и дознаките од странство. Посочува дека е можен умерен напредок или раст во 2013. За економијата во регионот на Југоисточна Европа посочува дека останува значајно под влијание на случувањата во евро-зоната која е главен пазар на нивниот извоз.